Линкови за пристапност

САД се загрижени за зајакнување на односот меѓу Русија и Иран, соопшти Стејт департментот


САД изразија загриженост за зајакнувањето на врските меѓу Русија и Иран.

„Тоа треба да биде загриженост за земјите не само соседни на Русија и Иран, туку и за светот пошироко“, изјави портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

„Го видовме хаосот предизвикан од иранските беспилотни летала врз Киев, насочени кон енергетската и цивилната инфраструктура, така што, се разбира, овој однос е оној на кој посветуваме големо внимание“, додаде Пател.

Русија користеше беспилотни летала Шахед од иранско производство за да изврши широки воздушни напади врз Украина.

Ова ги наведе украинските власти да побараат ракети против дронови за да справат со нападите.

„Волстрит џурнал“ објави, цитирајќи извори запознаени со ова прашање, дека истовремено со проширувањето на воената соработка меѓу Иран и Русија, руската влада му помага на Иран да постигне напредни способности за дигитален надзор.

XS
SM
MD
LG