Линкови за пристапност

САД предупредуваат на алармантно зголемување на агресивни кинески пресретнувања


САД објавија снимка од она што го нарекоа „непотребно агресивен маневар“ од страна на кинески борбен пилот за време на пресретнување на авион RC-135 на американското воено воздухопловство на 26 мај
САД објавија снимка од она што го нарекоа „непотребно агресивен маневар“ од страна на кинески борбен пилот за време на пресретнување на авион RC-135 на американското воено воздухопловство на 26 мај

Официјални лица од одбраната на САД предупредуваат на „алармантно зголемување“ на агресивните пресретнувања од кинески воени авиони и бродови, по блиската средба меѓу кинески борбен авион и американски воен авион во меѓународниот воздушен простор над Јужното Кинеско Море минатата недела.

Овие „ризични“ пресретнувања имаат „потенцијал да создадат небезбеден инцидент или погрешна пресметка“, рекоа двајца претставници на одбраната на САД кои зборуваа за инцидентот под услов да останат анонимни.

Во вторникот, САД објавија снимка од она што го нарекоа „непотребно агресивен маневар“ од страна на кинески борбен пилот за време на пресретнување на авион RC-135 на американското воено воздухопловство на 26 мај.

Кинескиот пилот „летал директно пред и на 400 стапки (122 метри) од носот на RC-135, принудувајќи го американскиот авион да лета низ неговите турбуленции“, според портпаролот на Индопацифичката команда, која ja надгледува Воената активност на САД во регионот.

Портпаролот рече дека американскиот авион „вршел безбедни и рутински операции над Јужното Кинеско Море во меѓународниот воздушен простор, во согласност со меѓународното право“ кога се случило пресретнувањето.

Во соопштението, Indo-PACOM ги повика сите земји безбедно да го користат меѓународниот воздушен простор во согласност со меѓународното право, додавајќи дека САД „ќе продолжат да летаат, пловат и да оперираат - безбедно и одговорно - секаде каде што дозволува меѓународното право“.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг во средата ги обвини САД за инцидентот, велејќи дека авионот вршел „блиско извидување на Кина“ што „сериозно го загрозува суверенитетот и безбедноста на Кина“.

„САД треба веднаш да ги запрат ваквите опасни акти на провокација“, рече Мао.

Пресудата на меѓународниот суд во Хаг рече дека Кина нема контрола над Јужното Кинеско Море, но Пекинг ја игнорираше одлуката.

САД често спроведуваат операции во и над Јужното Кинеско Море за да ги оспорат територијалните претензии на Кина и другите и да промовираат слободен премин низ меѓународните води кои носат половина од тонажата на светската трговска флота, вредна трилиони долари секоја година.

Пекинг претендира на сите карактеристики во Јужното Кинеско Море, додека Брунеи, Малезија, Филипините, Тајван и Виетнам, исто така, имаат право на одредени острови во морето како дел од нивната територија.

Зголемените тензии меѓу САД и Кина доаѓаат откако Пентагон соопшти дека Пекинг го одбил барањето на САД за средба меѓу нивните шефови на одбраната на годишниот безбедносен форум во Сингапур овој викенд.

XS
SM
MD
LG