Линкови за пристапност

Инцидент на кинески борбен авион со извидувачки летала на САД над Јужното Кинеско Море

Во соопштението на американската Индо-пацифичка команда се вели дека кинески борбен авион Ј-16 „летал директно пред носот“ на авионот RC-135 „во непотребно агресивен маневар“, принудувајќи го пилотот да прелета низ турбуленциите предизвикани од борбениот авион.

Американската авијација соопшти дека кинески борбен авион летал блиску до еден од нивните извидувачки авиони за време на патролна мисија над Јужното Кинеско Море минатата недела.

Во соопштението на американската Индо-пацифичка команда се вели дека кинески борбен авион Ј-16 „летал директно пред носот“ на авионот RC-135 „во непотребно агресивен маневар“, принудувајќи го пилотот да прелета низ турбуленциите предизвикани од борбениот авион.

Видео снимката од инцидентот од пилотската кабина на американскиот извидувачки авион покажа дека авионот се тресе набргу откако кинескиот борбен авион прелетал низ неговата патека. Во соопштението се вели дека извидувачкиот авион РC-135 изведувал „безбедни и рутински операции над Јужното Кинеско Море во меѓународниот воздушен простор, во согласност со меѓународното право“.

Минатонеделниот инцидент се случи шест месеци по сличен инцидент во декември, кога екипажот на друг авион РC-135 беше принуден да преземе маневри за избегнување за да избегне судир со кинески борбен авион.

Инцидентите се случуваат во време на зголемени тензии меѓу Пекинг и Вашингтон поради низа прашања, вклучително и агресивното ширење на Кина преку Јужното Кинеско Море и нејзиниот зголемен воен и дипломатски притисок врз самоуправниот Тајван, кој го смета за отцепена провинција Кина.

XS
SM
MD
LG