Линкови за пристапност

САД обвинија осум кинески фирми и 12 лица за трговија со фентанил


Знаеме дека глобалниот синџир на снабдување со фентанил, кој завршува со смртт на Американците, често започнува со хемиски компании во Кина, рече државниот обвинител Мерик Гарланд на прес-конференција во Вашингтон
Знаеме дека глобалниот синџир на снабдување со фентанил, кој завршува со смртт на Американците, често започнува со хемиски компании во Кина, рече државниот обвинител Мерик Гарланд на прес-конференција во Вашингтон

Одделот за правда на САД објави сеопфатна акција против глобалната мрежа за фентанил, обвинувајќи осум кинески хемиски компании и 12 нивни вработени во врска со смртоносната опиоидна криза во САД.

Во осум одделни обвиненија во Флорида, федералните обвинители ги обвинија компаниите и нивните вработени за производство на фентанил и метамфетамин, дистрибуција на синтетички опијати и снабдување со хемикалии за недозволената дрога.

„Знаеме дека глобалниот синџир на снабдување со фентанил, кој завршува со смртт на Американците, често започнува со хемиски компании во Кина“, рече државниот обвинител Мерик Гарланд на прес-конференција во Вашингтон.

„Владата на САД е фокусирана на раскинување на секоја алка во тој синџир, отстранување на фентанилот од нашите заедници и изведување на оние кои го ставија таму пред лицето на правдата“, рече тој.

Ова е вторпат американскиот Оддел за правда да ги обвини кинеските компании и нивните вработени за трговија со хемикалии во САД.

Во јуни, четири кинески компании за производство на хемикалии и осум директори и вработени беа обвинети за нелегална трговија со хемикалии што се користат за производство на фентанил.

Двајца од обвинетите се уапсени.

XS
SM
MD
LG