ВАШИНГТОН – САД во вторникот воведоа санкции на 17 лица и субјекти со седиште во Кина и Мексико, кои ги обвинија дека овозможуваат производство на фалсификувани таблети со фентанил, додека администрацијата на Бајден се обидува да го спречи увозот на смртоносната дрога.
Во соопштението на одделот за финансии на САД се наведува дека се воведени санкции за седум субкети и шест лица со седиште во Кина, како и за еден бизнис и три лица со седиште во Мексико.
Се обвинуваат оние кои биле таргетирани дека биле вмешани во продажба на машини за преса за таблети и друга опрема што се користи за ставање фалсификувани трговски ознаки на нелегално произведени таблети, често прелиени со фентанил и наменети за САД.
„Санкциите на одделот за финансии се насочени кон секоја фаза од смртоносниот синџир на снабдување што го поттикнува порастот на труења со фентанил и смртни случаи низ целата земја“, изјави заменик-секретарот за тероризам и финансиско разузнавање, Брајан Нелсон.
„Фалсификуваните апчиња со фентанил се водечка причина за овие смртни случаи, уништувајќи илјадници американски семејства секоја година. Остануваме посветени на користење на сите овластувања против овозможувачите на незаконското производство на дрога за да се наруши ова смртоносно глобално производство и да се спротивставиме на заканата што ја претставуваат овие лекови“.
Според извештајот на американскиот Центар за контрола и превенција од болести, објавен претходно овој месец, стапката на смртни случаи од предозирање со дрога што го вклучува фентанил се зголеми повеќе од три пати во САД од 2016 до 2021 година.
Фентанилот е до 50 пати посилен од хероинот и 100 пати посилен од морфинот и се повеќе се меша со други недозволени дроги често со смртоносни резултати.
Администрацијата на Бајден се залага за акција бидејќи смртните случаи од предозирање поврзани со дрога во САД, според владините проекции, надминаа 100.000 во 2021 година.
Вашингтон бара поголема помош од Пекинг за запирање на незаконскиот проток на хемикалии „претходници“ на фентанил од Кина, но американските власти за Ројтерс изјавија дека кинеските колеги не сакаат да соработуваат бидејќи односите меѓу двете земји се заладени.