САД најавија нова помош од 8 милијарди долари за Украина додека претседателот Џо Бајден се подготвува да го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски на разговори во четврток во Белата куќа.
Бајден во изјавата рече дека помошта вклучува и проектили за ракети од типот „Патриот“, како и муниција воздух-земја и прецизно наведувана пловна бомба со дострел до 130 километри.
САД, исто така, ја прошируваат обуката за украинските пилоти Ф-16 за догодина да вклучат дополнителни 18 пилоти.
„Речиси три години, САД го собраа светот да застане со народот на Украина додека ја брани својата слобода од руската агресија, а главен приоритет на мојата администрација беше да и обезбеди на Украина потребната поддршка за да надвладее. “, рече Бајден во изјавата.
Зеленски брзо им се заблагодари на САД, велејќи дека новата помош ги вклучува „предметите кои се најважни за заштита на нашиот народ“.
„Ќе ја искористиме оваа помош на најефикасен и транспарентен начин за да ја постигнеме нашата главна заедничка цел: победа за Украина, праведен и траен мир и трансатлантска безбедност“, рече Зеленски на „Х“.
Украинскиот лидер претходно изјави дека на состанокот во Белата куќа ќе разговара за неговите планови за победа во војната против Русија.
Меѓу очекуваните теми е барањето на Украина за донатори на оружје да им дозволат на украинските сили да го користат оружјето за да напаѓаат цели подлабоко во Русија. Украинските лидери велат дека таквите напади се потребни за да се деградира способноста на Русија да ги извршува секојдневните ракетни и беспилотни напади.
Зеленски рече дека тој и Бајден разговарале во средата на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, кога Зеленски му се заблагодарил на Бајден за американската поддршка за Украина и го информирал за ситуацијата на фронтот.
Во меѓувреме, поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера сугерираше дека ситуацијата во Украина е вина на Бајден и на потпретседателката Камала Харис што ветија воена помош за Украина наместо да ги притискаат украинските лидери да ѝ отстапат територија на Русија.
„Бајден и Камала дозволија тоа да се случи со тоа што го нахранија Зеленски со пари и муниција какви што ниедна земја досега не видела“, рече Трамп.
Трамп тврдеше дека Украина требаше да направи отстапки за Москва пред руските сили да започнат со целосна инвазија на земјата во февруари 2022 година.
„Секој договор – најлошиот договор – ќе беше подобар од она што го имаме сега“, рече Трамп.
Поранешниот американски лидер беше прашан каква позиција сега има Украина ако сака да преговара за крај на војната.
„Каква договор може да се направи? Уништена е“, рече Трамп. „Луѓето се мртви. Државата е во урнатини.