Линкови за пристапност

САД најавија нова помош за Украина од 400 милиони долари


Украински војник држи противвоздушна ракета Стингер на позиција на фронтот во регионот на Миколаев
Украински војник држи противвоздушна ракета Стингер на позиција на фронтот во регионот на Миколаев

САД денеска најавија нов пакет оружје и опрема за Украина да се брани од агресијата на Русија, објави Стејт департментот.

Пакетот од 400 милиони долари ги содржи итно потребните средства, вклучувајќи дополнителна муниција за противвоздушна одбрана за Патриот и национални напредни ракетни системи земја-воздух, противвоздушни ракети „Стингер“, опрема за интегрирање на западните фрлачи, ракети и радари со системите на Украина, дополнителни артилериски ракетни системи со висока мобилност и муниција и друга опрема.

„Како што јасно кажа претседателот Бајден, САД и меѓународната коалиција што ја собравме ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во одбраната на нејзината слобода“, рече Стејт департментот.

Европската Унија, пак, начелно се согласи на договор со кој приходите од замрзнатите руски средства ќе се користат за снабдување на Украина со оружје.

Блокот рече дека првите плаќања би можеле да се направат до летото, и покрај повиците на Вашингтон неговите европски сојузници да одат многу подалеку и целосно да ги искористат милијардите на Русија во корист на Киев.

XS
SM
MD
LG