Линкови за пристапност

САД го вратија војникот Тревис Кинг по бегството во Северна Кореја


Немаше отстапки дадени на Северна Кореја за оваа размена, изјави висок претставник на администрацијата за Гласот на Америка за време на брифингот со новинарите денес
Немаше отстапки дадени на Северна Кореја за оваа размена, изјави висок претставник на администрацијата за Гласот на Америка за време на брифингот со новинарите денес

Пентагон соопшти дека американскиот војник кој илегално преминал во Северна Кореја во јули сега е во притвор во САД.

Висок функционер на администрацијата на Бајден изјави за новинарите дека Кинг бил префрлен од Демократска Народна Република Кореја и ја преминал границата во Кина со помош на владата на Шведска.

Официјалниот претставник рече дека САД го префрлиле дома.

Демократска Народна Република Кореја е официјалното име на Северна Кореја.

„Им благодариме на владата на Шведска за нејзината дипломатска улога која служи како заштитна сила за САД во Демократска Народна Република Кореја и на владата на Народна Република Кина за нејзината помош во олеснувањето на транзитот на Кинг“, рече советникот за национална безбедност Џејк Саливан во соопштението денес.

Портпаролот на Пентагон Пат Рајдер ја пофали „напорната работа на персоналот во Армијата, американските сили во Кореја и низ Одделот за одбрана за да го вратат војникот дома“.

Немаше отстапки дадени на Северна Кореја за оваа размена, изјави висок претставник на администрацијата за Гласот на Америка за време на брифингот со новинарите во средата.

„Ќе се фокусираме во следните неколку недели онолку колку што е потребно за да го доведеме Кинг на добра, солидна основа. А потоа ќе ги решиме сите административни дејствија што може да следат по процесот на реинтеграција“, изјави официјалниот претставник.

Претходно денес, Северна Кореја соопшти дека го протерува Кинг откако ја завршила последната истрага за него.

Тој беше фатен од севернокорејски војници во јули, откако ја пробил милитаризираната граница на Кореја.

Официјалната новинска агенција на Северна Кореја денес објави дека Кинг негувал лоши чувства поради нехумано постапување и расна дискриминација во рамките на американската Армија.

Се додава дека привремените наоди на Северна Кореја се оти Кинг сакал засолниште во Северна Кореја или на друго место поради истата причина.

Дописничката на Гласот на Америка од Белата куќа Патси Видакусвара и Јунис Ким во Сеул придонесоа за овој текст

XS
SM
MD
LG