Линкови за пристапност

Ер Франс, Луфтханза и Сингапур ерлајнс нема да летаат над Белорусија


ЕУ повика на истрага за инцидентот и планира да ги санкционира белоруските официјални лица одговорни за пренасочувањето на авионот

Европската унија ги повикува земјите-членки да го затворат нивниот воздушен простор и аеродромите за сите белоруски авиокомпании откако Белорусија принуди комерцијален авион да изврши итно слетување во неделата во Минск и уапси опозициски блогер критичар кон авторитарниот претседател Александар Лукашенко.

Голем број авиокомпании, вклучувајќи ги Ер Франс, Луфтханза и Сингапур ерлајнс, соопштија дека нема да летаат низ белорускиот воздушен простор.

ЕУ исто така повикува на истрага за инцидентот и планира да ги санкционира белоруските официјални лица одговорни за пренасочувањето на авионот.

Многу членови на белоруската влада се веќе под санкции на ЕУ по минатогодишната акција по спорните претседателски избори во август.

ЕУ, како и САД, ја повикаа владата на Лукашенко веднаш да го ослободи Раман Пратасевич, 26-годишен блогер, кој живее во егзил.

На видеото објавено на белоруската државна телевизија во понеделникот, се гледа како Пратасевич „признава“ за обвиненијата за одговорност во граѓанските немири.

„Можам да кажам дека немам здравствени проблеми… Продолжувам да соработувам со истражителите и признавам дека организирав масовни немири во градот Минск“, вели тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG