Линкови за пристапност

Почина судијката на Врховниот суд на САД Рут Бадер Гинсбург


Долгогодишната судијка на Врховниот суд Рут Бадер Гинсбург почина во петок од компликации со рак.

Гинсбург, храбра либералка и втора жена што служела во судот, почина во нејзиниот дом во Вашингтон, опкружена од нејзиното семејство, според соопштение од судот. Таа имаше 87 години.

„Нашата нација изгуби судија од историска прпорција“, кажа главниот судија Џон Робертс во соопштение.

Гинсбург беше поборничка за правата на жените и судијка во Врховниот суд од 1993.

Таа почина од компликации на метастазиран рак на панкреас, се вели во соопштението на судот.

Смртта на Гинсбург на претседателот Доналд Трамп му дава можност да го прошири конзервативното мнозинство во Врховниот суд со трето назначување во време кога се приближуваат претседателските избори.

Националното јавно радио извести дека неколку дена пред нејзината смрт, Гинсбург и диктирала изјава на нејзината внука Клара Спера: Моја најголема желба е да не бидам заменета додека не биде инсталиран нов претседател“.

XS
SM
MD
LG