Рускиот претседател Владимир Путин ги критикуваше САД затоа што покренаа обвиненија за корупција против официјални лица на ФИФА и го окарактеризира случајот како обид да ја прошират јурисдикцијата врз други земји.
Путин кажа дека САД се обидуваат да спречат реизбор на претседателот на ФИФА Сеп Блатер. Гласањето е закажано за утре, а противкандидат на Блатер во неговиот обид да освои петти мандат е јорданскиот принц Али бин ал Хусеин.
Русија е домаќин на Светското првенство во фудбал во 2018-та.
Коментарот на Путин следат по слична порака од Министерството за надворешни работи на Русија, коешто оцени дека случајот е „нелегално екстериторијално наметнување на американски закон“.
Засега нема реакција од САД на руските коментари.
Начинот на којшто Русија ја доби организацијата на Светското првенство 2018-та е дел од швајцарската истрага по наводите за погрешно раководење и перење на пари во ФИФА.