Линкови за пристапност

Нови санкции за Русија, Иран и Северна Кореја


Американскиот претседател потпиша легислатива со која се казнува Москва заради мешање во минатогодишните американски избори, и која се однесува и на Иран и на Северна Кореја.

Со актот се ограничува и моќта на претседателот да ги симне тие казни.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека ваквиот документ прави да е потешко САД да склучат добри договори за американскиот народ, и дека тоа ќе ги зближи Кина, Русија и Северна Кореја уште повеќе.

За легислативата се изјаснија речиси едногласно членовите на Конгресот, што им дозволи на законодавците да отстранат секаква шанса за вето од страна на претседателот.

Законот поставува нови ограничувања за американските компании кои работат со руски енергетски компании и ги кодифицира санкциите поставени од поранешниот претседател Барак Обама.

Законот што Трамп го потпиша беше карактеризиран во една од изјавите на претседателот како испраќање јасна порака до Иран и Северна Кореја дека американскиот народ нема да толерира опасно и дестабилизирачко однесување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG