Линкови за пристапност

Можат ли Русија и Турција да се повлечат од работ, во Сирија?


Последните пет години Русија успеваше да го одржи деликатниот сојуз на ривалите во Сирија, но се` покрвавиот судир во Идлиб може да го намали влијанието на Москва.

Од влегувањето во граѓанската војна во Сирија во 2015, Русија одржува сложена мрежа на алијанси што ја опкружуваат нејзината воена кампања.

Имено, претседателот Владимир Путин ја поддржува сириската влада на Башар ал-Асад во Дамаск и ги става настрана разликите да се сојузи со Иран.

Но, најизненадувачка е врската со Турција.

Непријател на Дамаск, турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган работеше со Кремљ против заедничкиот непријател, Исламската држава.

Сепак, аналитичарите велат дека аранжманот е главно трансакција.

Алексеј Малашенко, од Институтот за дијалог на цивилизациите, вели дека Ердоган и Путен не се пријатели, но партнери.

„И во исто време се непријатели.Главната задача на Русија е да ја зачува позицијата на Башар Асад. Тоа е рускиот политички курс во Сирија и на Блискиот исток“, вели тој.

Контрадикцијата сега става две држави на пат на судир во Идлиб... територија во северозападна Сирија што е едно од последните упоришта на опозицијата на владеењето на Асад.

Судирот последните недели предизвика разместување на 900,000 жители кои бегаат кон сириско-турската граница.

Турција ветува дека ќе ја заштити територијата...и простанатите бунтовници...по секоја цена.

Во неделата Турција собори два сириски воени авиони над Идлиб и погоди воена база длабоко на територијата на Сирија, како одговор на сириски напад пред неколку денови кога беа убиени 30 турски војници, кои оперирале во Идлиб според договор постигнат под водство на Русија во 2018.

Турција не ја обвини Москва за смртта на војниците, но бара Русија да стори повеќе.

Набљудувачите во Москва велат дека Русија има ограничена можност да диктира услови.

Алексеј Кхлебников, од Рускиот совет за надворешни прашања, вели: „Се разбира дека Русија сака да има влијание во Дамаск. Но од друга страна Русија е заглавена во Сирија. Не може да му каже на Дамаск - ако не го сториш ова, ние ќе заминеме.“

Русија има поголеми амбиции на Блискиот исток. Тоа е врзано со опстанокот на Асад. Затоа Русија нема избор и мора да го поддржи Дамаск во судирот со Анкара.

Набљудувачите исто така тврдат дека Русија не сака директна конфронтација со Турција, зашто Турција е членка на НАТО, ниту пак да го саботира договорот за оружје, нафта и нуклеарна енергија, од односите на Турција со Запад.

Малашенко не верува дека е иминентна воена конфронтација меѓу Русија и Турција. „Такво нешто нема да има и покрај сите декларации. Од тоа нема корист ниедна од двете страни.“

Тоа е ситуацијата додека Ердоган заминува во Москва во четврток за средба со Путин.

XS
SM
MD
LG