Линкови за пристапност

За Москва се` потешко да арбитрира во Сирија


Аналитичарите велат дека Русија се соочува со проблеми слични на американските по интервенцијата во Ирак

Русија одигра клучна улога во спасувањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, но за Москва е се` потешко да арбитрира во напорите за ставање крај на седумгодишниот конфликт кој можеби навлегува во најопасната фаза.

Најголемите предизвици со кои се соочува Кремљ, се е барањата на различните актери во конфликтот и се` поголемиот ризик од прелевање на судирите преку границата, во поширокиот регион на Блискиот Исток.

Инцидентот меѓу Израел и Иран од минатата сабота, во кој беа соборени иранско беспилотно летало и израелски воен авион, е остар потсетник, велат аналитичарите за тоа колку е тешко Москва да ги контролира настаните во Сирија и да го прошири влијанието на Блискиот Исток.

Москва не започна со војната во Сирија, но со интервенцијата за поддршка на режимот на Асад во септември 2015-та година, Русија се стекна со сопствена улога, и сега се соочува со несакани последици, како што е ризикот од ескалација на судирите меѓу различните страни во конфликтот.

За да спречи ваков развој, Москва испрати помирувачки пораки за Сиријците и Израелците. Оваа беше видливо и неделава, кога Асад се закани дека ќе испрати војници во курдската енклава Африн, за да им помогне на сириските Курди кои се борат со турските сили и сириските бунтовнички паравојски.

Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг, рече дека извештаите во сириските државни медиуми дека силите на Асад се подготвуваат за влез во Африн, не биле потврдени од страна на официјални лица во Дамаск. Но, јасно е дека Анкара останува нервозна затоа што Асад може да се одлучи на ваков потег.

На почетокот на руската воена интервенција во 2015-та година, рускиот претседател Владимир Путин, вети дека таа ќе биде брза и одлучна. Но, по две ипол години, Русија останува воено вклучена, спроведувајќи воздушни напади и дипломатско напори за смирување на надворешни сили кои се повеќе ја зголемуваат вмешаноста во Сирија.

Претходно месецов, пропаднаа руските напори за обезбедување на напредок во мировните разговори во Сочи, затоа што главните сириски опозициски групи ги бојкотираа преговорите, а руски претставници искажаа загриженост од барањата на некои од учесниците.

Во јануари, Путин изјави дека Москва во Сирија ја остварила својата мисија - победа на тероризмот на Исламската држава е постигната. Но, Русија останува заглавена во комплексен конфликт, на кој, барем засега не му се гледа крајот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG