Линкови за пристапност

Русите се` уште носталгични по Сталин


Неодамнешна анкета на јавното мислење го открива овој дикататор како значајна историска фигура, со огромно влијание во модерна Русија

Децении по распаѓањето на Советскиот сојуз, се одвива огромна дебата за наследството на еден од најголемите диктатори, Јосиф Сталин.

Сталин, кој владееше од 1930-те, до неговата смрт во 1953-та година, е одговрен за смртта на милиони негови граѓани. Но, и покрај тоа, неодамнешна анкета на јавното мислење го открива како значајна историска фигура.

Одлуката на Русија да го забрани прикажувањето на британската сатира „Смртта на Сталин“, уште повеќе ги засили поделбите околу наследството на овој диктатор.

Сталин е идеализиран од многу Руси за извојување победа на Советскиот сојуз врз нацистичка Германија, и покрај тоа што неговото владеење доведе до смрт на милиони.

„Тоа беше добро испланиран криминал на државата кон нејзините граѓани. И сега луѓето не го прифаќаат тоа, бидејќи не сакаат да мислат така за сопствената земја“, вели Никита Петров, потпретседател на групата за човекови права „Мемориал“, во интервју за Гласот на Америка.

Тој додава дека секоја година се зголемува бројот на лицата што одбиваат да го изучуваат ова прашање, бидејќи ја загрозува славата на Советскиот сојуз, и тој период од историјата.

Критичарите велат дека носталигијата за Сталин продира во секојдневното живеење.

Политичкиот блогер во Санкт Петербург, Виктор Логинов, организираше финансирање на приватен автобус, со портрет од Сталин со насмевка на лицето. Иако автобусот неколкупати беше вандализиран, портретот повторно беше насликан. Логинов вели дека тој не ја величи советската историја.

„Без таа репресија, и шокантниот број на жртви, немаше да се случи трансформација на државата - од земјоделска во индустриска нација“, вели тој.

Големите поделби меѓу граѓаните остануваат, додека претседателот Владимир Путин го нарече Сталин „комплексна личност“, и неодамна предупреди дека „ова ужасно минато не смее да биде избришано од руската национална меморија“.

Истовремено, пак, критичарите го обвинуваат Путин за цинизам, велејќи дека политичката слобода е на удар и во модерна Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG