Русија го осуди поранешниот американски маринец Пол Вилан на 16 години затвор за шпионажа.
50-годишниот Вилан беше обвинет за шпион на САД, откако наводно му биле предадени класифицирани информации од страна на пријател, на свадба на која тој присуствувал во 2018 година.
Тој беше уапсен во хотел во Москва во декември истата година.
Владимир Зеребенков, адвокатот на Вилан, најави дека планира да ја обжали пресудата. Тој рече дека верува оти пријателот на Вилан, кој имал врски со Руските специјални служби, сакал да го намести да изврши криминал.
Вилан ги отфрли обвинувањата, велејќи дека се работи за политички монтиран случај, нагласувајќи дека мислел оти дискот што го добил содржел празнични фотографии.
Амбасадорот на САД во Русија Џон Суливан, го нарече случајот на Вилан „сквернавење на правдата“, и оти третманот кон него бил срамен.
Братот на Вилан, Дејвид, објави изјава во име на семејството, во која вели дека се надевал оти судот можеби ќе покажел независност, додавајќи дека руските судии се политички, а не прави субјекти.
Тој рече оти очекува Владата на САД под итно да преземе мерки да го врати Вилан дома.
Државниот секретар Мајк Помпео, минатиот месец, на Твитер напиша оти Стејт департментот бара Вилан итно да биде ослободен.
Руксиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, вели дека Вилан бил фатен во извршување на криминал.
Facebook Forum