Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се закани на Турција со неспецифицирани акции кои би биле дополнение на веќе воведените санкции порано неделава, заради соборувањето на рускиот бомбардер од страна на турски авиони.
Путин го започна годишното обраќање во рускиот парламент во четвртокот, со момент на молчење за двајцата загинати руски војници во инцидентот.
Сопругите на двајцата војници биле присутни на обраќањето.
Рускиот претседател кажа дека Алах мора да ги казнил турските лидери одземајќи им го разумот.
Русија објави долга листа на забранети производи од Турција и во јануари ќе прекине со визната програма што ја има со Турција. Русија исто така ги прекина сите меѓуармиски комуникации и се заканува со прекин на инвестиции и големи проекти во Турција, вклучувајќи ја изградбата на гасовод и нуклеарна централа.