Линкови за пристапност

Ослободувањето на Голунов покрена ново движење за промени


Аналитичарите се сомневаат дека овој момент ќе биде клучен за иницирање суштински промени во државата

Ослободувањето на новинарот Иван Голунов минатата недела, по наместени обвиненија за дрога, ги извади на улица либералните противници на Владимир Путин и Кремљ.

Тие веруваат дека случајот на Голунов ќе биде почеток на ново движење за промени, како и почеток на силна реакција на јавноста против корупција и злоупотреба на човекови права.

Кремљ ретко се меша кога официјалните лица на пониско ниво ќе го надминат зацртаното, велат аналитичари, но, апсењето на новинарот ги вознемири властите, кои се плашат од зголеменото расположение за протести, подгреавно со години поради намалување на платите и збогатување на богатите.

Високи владини официјални лица брзо реагираа да го дистанцираат Путин од ова, чиј рејтинг почна наеднаш да опаѓа по апсењето на новинарот.

И државната руска телевизија застана во одбрана на новинарот, за што добила одобрение од Кремљ, објавија локалните медиуми.

Ослободувањето на новинарот доведе до бројни прослави меѓу граѓанските активисти, иако некои набљудувачи се сомневаат дека овој момент ќе биде клучен за иницирање суштински промени во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG