Линкови за пристапност

Кремљ: Противењето за избор на руски кандидат за директор на Интерпол е мешање во изборите


Четири американски сенатори испратија отворено писмо со барање до претседателот Доналд Трамп да се спротивстави на кандидатурата на Александар Прокопчук, сегашниот потпретседател на Интерпол

Кремљ соопшти дека противењето руски кандидат да раководи со Интерпол претставува мешање во изборите.

Изборот за нов директор е закажан за утре, пред крајот на годишната конференција на Интерпол која се одржува во Дубаи.

Четири американски сенатори испратија отворено писмо со барање до претседателот Доналд Трамп да се спротивстави на кандидатурата на Александар Прокопчук, сегашниот потпретседател на Интерпол кој доаѓа од Русија.

Сенаторите велат дека Прокопчук бил „лично вмешан“ во рутинските „злоупотреби на Интерпол, со цел малтретирање на политичките противници, дисидентите и новинарите“.

Весникот Вашингтон пост во денешното издание објави колумна наловена „Зошто светот не смее да си дозволи Русија да го води Интерпол“ од Вилијам Браудер кој го предводеше донесувањето на Актот Магнитски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека „Ова веројатно претставува некаков вид на мешање во изборниот процес на меѓународна организација.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG