Линкови за пристапност

Критичарот на Путин, Браудер уапсен па ослободен


Британскиот финансиер бил уапсен по барање на Русија кое било испратено до Интерпол

Шпанската полиција на кратко го уапси Бил Браудер, британски финансиер роден во САД и истакнат критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Toј на Твитер напиша дека бил уапсен на барање на Русија.

Портпарол на полицијата соопшти дека Браудер бил однесен во полициска станица за да биде проверен налогот за апсење, но властите утврдиле дека неговото важење истекло.

„Добри вести. Шпанската национална полиција ме ослободи, откако од Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион, добиле совет да не го почитуваат новото руско барање до Интерпол“, напиша Браудер на Твитер. „Ова е шести пат како Русија преку мојот случај, го злоупотреби Интерпол“, рече тој.

Од канцеларијата за односи со јавноста на Интерпол за Гласот на Америка извија дека: „Немало, и никогаш не бил издадено т.н. Црвено известување за апсење на г-дин Бил Браудер“ и дека тој „не се бара преку каналите на Интерпол“.

Интерпол им овозможува на земјите-членки да побараат т.н. Црвено известување за локалните власти да можат да спроведат апсење.

Браудер, пред неговото протерување од Русија во 2005-та година, раководеше со еден од најуспешните инвестициски фондови државата. Тој лобираше за воведување на американски санкции кон Москва, откако беше уапсен неговиот адвокат, Сергеј Магнитски кој подоцна почина во притвор.

Како резултат на тоа, Конгресот го усвои Законот Магнитски, мерка која му дозволува на Вашингтон да отповика виза и да ги замрзне финансиските средства на руски службеници, за кои се верува дека се корумпирани или ги злоупотребуваат човековите права.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG