Линкови за пристапност

Престанаа да работат четири станици за мониторинг на радијација по експлозијата во Русија минатата недела


Службите за итна помош велат дека е зголемено новото на радијација што претставува ризик по здравјето на луѓето што живеат во близина

Четири станици за мониторинг на радијација во Русија престанаа да работат по експлозијата во погонот за тестирање на проектили на осми овој месец, соопшти Организацијата за забрана на нуклеарно тестирање.

Се` уште не е позната причината дали Русија интервенирала во станиците, додека руски официјални лица велат оти имале проблеми со мрежата и комуникацијата.

Службите за итна интервенција велат дека во меѓувреме е зголемено нивото на радијација што претставува ризик по здравјето на луѓето што живеат во близина.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не постои закана од загадување, откако експлозија на ракета минатата недела предизвика привремено зголемување на нивото на зрачење.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG