Линкови за пристапност

Русија соопшти дека собориле 42 украински беспилотни летала


Украина верува дека повеќе од 19 500 деца се депортирани по руската инвазија.
Украина верува дека повеќе од 19 500 деца се депортирани по руската инвазија.

Русија соопшти дека соборила десетици дронови лансирани од Украина.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека над Крим биле уништени 42 беспилотни летала – од кои девет биле соборени од силите за воздушна одбрана. Крим беше припоен кон Русија во 2014 година.

Нема информации за жртви.

Одделот за одбрана на САД соопшти дека ќе ги обучува Украинците да летаат и одржуваат борбени авиони Ф-16.

Во соопштението, се наведува дека обуката ќе се одржи во базата на воздушната национална гарда Морис во Тусон, Аризона.

Исто така во четвртокот, САД објавија санкции за 11 поединци и два ентитета вклучени во депортацијата и индоктринацијата на украинските деца.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека санкциите се наметнати „за нивната улога во присилното префрлање и депортирање на децата од Украина во кампови кои промовираат индоктринација во Русија и на окупираниот од Русија Крим и кои воведоа наставни програми за руска индоктринација во тие региони“.

На состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина во четвртокот, американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд рече дека „САД нема да стојат настрана додека Русија ги извршува овие воени злосторства и злосторства против човештвото“.

Украина верува дека повеќе од 19 500 деца се депортирани по руската инвазија.

XS
SM
MD
LG