Линкови за пристапност

Русија погоди воена база во Украина во нов бран напади


Украинскиот главен град беше нападнат по 16. пат овој месец
Украинскиот главен град беше нападнат по 16. пат овој месец

Русија денес соопшти дека нејзината војска ги погодила украинските воздушни бази во текот на ноќта, а украинските сили гранатирале индустриски капацитети во Русија додека двете страни барале предност пред она што Киев се надева дека ќе биде одлучувачка контраофанзива.

Во реткото признание за оштетување на воена „цел“, Украина рече дека се работи на обновување на пистата и дека пет авиони биле извадени од употреба во западниот регион Хмељницки, иако не ги именува локациите.

„Во моментот, работата продолжува за спречување на пожарите во складишта за гориво и муниција“, соопшти канцеларијата на регионалниот гувернер на Хмељницки.

Руската државна новинска агенција РИА го цитираше Министерството за одбрана дека е погодена повеќе од една воздушна база. Од Украина нема потврда за оштетување на други воздушни бази.

Украинскиот главен град беше нападнат по 16-ти пат овој месец, по втора последователна ноќ на бомбардирање.

Но, официјалните лица рекоа дека повеќето од беспилотните летала и проектилите истрелани во текот на ноќта биле соборени и ниту една цел не била погодена наутро.

Нападите, поради кои жителите на Киев трчаа да се засолнат во метростаниците, беа дел од новиот бран руски воздушни напади овој месец, додека Украина, вооружена со ново западно оружје, подготвува притисок да се обиде да ја врати територијата што Русија ја зазеде од почетокот на војната.

„Со овие постојани напади, непријателот се обидува да го задржи цивилното население во длабока психолошка напнатост“, рече Серхи Попко, шеф на градската воена управа.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG