Линкови за пристапност

Рубио денес во Доминиканска Република, последна станица на патувањето во Латинска Америка


Државниот секретар на САД Марко Рубио ја посети Доминиканската Република
Државниот секретар на САД Марко Рубио ја посети Доминиканската Република

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес е во Доминиканска Република на разговори со доминиканските лидери на последната станица од мултинационалната турнеја низ Латинска Америка.

Рубио треба да се сретне со доминиканскиот претседател Луис Абинадер и министерот за надворешни работи Роберто Алварес во Санто Доминго.

Тој отпатува од Гватемала, каде во средата ги објави плановите на САД да ја поддржат Гватемала со нови инфраструктурни проекти и да потпише откажување од странската помош за зајакнување на американското партнерство со таа земја.

Во меѓувреме, двете земји постигнаа нов аранжман за миграција според кој Гватемала ќе прифати 40% повеќе летови за депортација од САД, вклучувајќи и државјани на Гватемала и поединци од други националности.

Зборувајќи заедно со гватемаланскиот претседател Бернардо Аревало на заедничката прес-конференција, Рубио рече дека потпишал „писмо за поддршка“ во кое се залага за целосна соработка на Стејт департментот за партнерство меѓу Гватемала и Инженерскиот корпус на армијата на САД.

Иницијативата има за цел „да започне прелиминарно планирање за проширување“ на „два нови пристанишни капацитети“, заедно со автопат и железнички врски за да се позиционира Гватемала како регионален трговски центар и да се зајакнат нејзините економски можности.

Рубио рече дека странската помош на САД придонела за апсење и екстрадиција на криминалци, вклучително и членови на транснационални групи.

„Одредени лица“ и „бегалци“ можат да бидат екстрадирани, а тие всушност се „стратешки цели“ и за САД и за нивните сојузници, рече Рубио при посетата на објект во близина на базата на воздухопловните сили на Гватемала, каде пристигнуваат летови со депортирани лица.

Според Стејт департментот, оваа иницијатива доведе до апсење на повеќе од 1.400 криминалци бегалци по пристигнувањето во Гватемала Сити.

XS
SM
MD
LG