Кралската свадба на Меган и Хари се очекува да донесе и големи трошоци за посетителите и за гостите во кафулињата, кои се подготвуваат да го гледаат овој историски настан на големи екрани низ целата држава.
Церемонијата ќе почне напладне во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор, каде бил крстен принзот Хари во 1984-та година.
Околу 600-тини гости се поканети, главно оние што се во директна реалција со двојката, како резултат на недостиг на простор во капелата.
Дополнително, повеќе од 2.500 граѓани околу замокот, се поканети да ги гледаат гостите како доаѓаат и заминуваат.
„Ова е пријатно изненадување за мене. Ако се земе предвид колку кралското семејство е против медиумско присуство, овојпат ги покани јавноста и медиумите, за да го сподели овој специјален ден“, рече британскиот експерт Томас Милс.
Индиска невладина организација, донира хигиенски производи во Мумбаи, во пресрет на кралската свадба, како дел од хуманитраните активности кои Хари и Меган ги побараа наместо да добиваат подароци.
Основачката на организацијата Мајн Махила вели дека поканата за свадбата ја доживеала како вистински шок.
„Ќе ги претставуваме жениете од цела Индија“, задволно рече Махила.
Повеќе од 100.000 луѓе се очекуваат да пристигнат на улиците во Виндзор. Многумина од нив веќе се таму за да резервираат најдобро место за гледање.
Спротивно на традицијата, Меган Маркл нема да има старосватица. Ќе ја придружуваат внукот на Хари, принцот Џорџ, заедно со неговата сестра, принцезата Шарлот, која ќе има улога на деверица
30 готвачи во кујните на замокот Виндзор ќе подготвуваат храна за 600 гости на приемот.
„Двојката проба се` што ќе се подготвува. Инволвирана е во секој детаљ“, вели главниот кралски готвач Марк Фленеген.
Милс додава дека е возможно како изненадување да има и американска храна, вклучувајќи и хот-дог.
Спојот на британската помпа и холивудскиот гламур се очекува да го следат милиони насекаде во светот.
Facebook Forum