Минатите две недели, во Романија се случуваат најголемите протести видени во Источна Европа по падот на комунизмот во 1989-та.
Во центар на протестите е корупцијата, и тие продолжуваат без разлика што владата доби недоверба на гласањето.
За Запад, кризата ја потенцира дилемата искажана на улиците на Букурешт - темната страна на владините напори во борбата со корупцијата, напори кои беа фалени од САД и Европската унија. За многумина од демонстрантите, самата борба со корупцијата стана корумпирана.
Демонстрантите бараат оставка на владата, навредени од неодамнешната одлука за декриминализирање на прекршоците пониски од 50.000 долари.
Владата ја повлече мерката, но протестите продолжија.
Многумина веруваат дека лидерите во земјата ги користат законите за борба со корупцијата за да ја уништат политичката опозиција, користејќи тактика слична на онаа на комунистичкиот лидер Николае Чаушеску.
Протестите се насочени кон Лаура Ковеси, жената која раководи со романскиот антикорупциски директорат, познат како ДНА.
Под раководство на Ковеси, бројот на обвиненија порасна за 90 проценти, со пресуди за премиерот и други високи официјални лица. За нејзините поддржувачи, бројките претставуваат импресивно достигнување во борбата со корупцијата.
За нејзините критичари, тоа е пример за систем кој е корумпиран, и невиден уште од времето на комунистичката ера, кога судските процеси се одржуваа само за да се покаже драма.
На Запад, веќе неколку години аналитичарите предупредуваат за корупциската криза, која може да доведе до непријатност или најмалку до преиспитување на поддршката за омилениот сојузник на Вашингтон на Европското источно крило.
Некои од Европа мислат дека во залог е интегритетот на регионот. Романија е членка на Европската унија од 2007-та и е` дел од НАТО.
Но, осудата на Романија, барањето на реформи, и заканите за исклучување од Европската унија се тежок план за спроведување за Вашингтон и за другите западни земји.
Од 1989 година, наваму Романија има силна прозападна ориентација, и односите помеѓу Вашингтон и Букурешт се постојани и цврсти. Двете земји имаат бројни безбедносни аранжмани, за кои САД мислат дека се клучни и важни за регионот. Како дополнение што земјата е домаќин на илјадници американски трупи, и елементи на американскиот против ракетен одбранбен штит, Романија учествува и во мисиите на НАТО во Авганистан, Ирак, Либија и Косово.
Напорите на Ковеси добиваа поддршка од западните претставници, вклучувајќи и американски. Но, некои аналитичари велат дека ако продолжат протестите, најверојатно Западот ќе го разгледа мислењето и ставот за неа и за напорите, кои таа ги води.