Линкови за пристапност

Врвни холивудски режисери љубители на делата на познат американски илустратор

Во музеј во Вашингтон изложени 30 дела на еден од најпознатите американски илустратори на 20-от век, Норман Роквел, што ги позајмиле Џорџ Лукас и Стивен Спилберг

Човек со шешир, клечи крај жена во столица за лулање, со рака преку нејзините рамења - многу потсеќа на одреден измислен и многу познат археолог. Можеби креаторот на Индијана Џонс бил инспириран од она што го видел на сликата. „Peach Crop“ припаѓа на продуцентот и режисер Џорџ Лукас. Тоа е едно од 30-те дела од колекцијата на изложба со наслов „Раскажување приказни“. Други дела на изложбата припаѓаат на режисерот Стивен Спилберг.

Вирџинија Мекленбург е кустос на изложбата што е поставена во Националниот уметнички музеј во Вашингтон. Таа вели дека Лукас и Спилберг го гледаат Роквел не само како илустратор, не само како творец на слики, туку како раскажувач на приказни.

Кога разговаравме со него, вели Мекленбург, Лукас ни рече дека мисли оти една од причините што се чувствувал комотно кога влегол во бизнисот на правење филмови било што веќе знаел како да раскаже приказна на визуелен начин по гледањето на насловните страници направени од Норман Роквел.

Роквел ги правел насловните страници на Saturday Evening Post близу 50 години. Некои од неговите слики илустрирале написи внатре во списанијата. Но, има и такви што изгледа дека не кажуваат приказна: семејство натоварено со подароди пристигнува кај дедо и баба; мало девојче во фризерница на кое за прв пат му се крати косата; девојче што стои на една нога, го држи стапалото и гледа во момче што црвенее, додека друга млада двојка танцува во позадината. Мекленбург вели дека едно од нештата што Џорџ Лукас ги сакал кај Роквел е што Роквел зборува за американската култура, за американското општество, и за тоа кои се Американците како луѓе. Многу од овие слики се однесуваат на деца кои растат и сите смешни работи што притоа се случуваат.

Многу од тоа што гледа на сликите на Роквел, Лукас рекол дека го потсетува на неговото детство во Модесто, Калифорнија. Тој рекол дека пораснал во светот на Норман Роквел. Се` што гледате на сликите на Роквел, било дел и од неговиот живот.

Кустосот вели дека Стивен Спилберг го интересирало она што тој го нарекува „морална срж“ што може да се види на многу од роквеловите слики.

„Тој има неколку слики на момчиња-извидници: извидници во акција, извидници како полу-херојски фигури, млади луѓе подготвени да направат се` што треба да биде направено. Тој исто така ги обожува сликите на Американската армија“, вели Мекленбург.

Спилберг собирал и слики што го потсетуваат на него самиот, како на пример онаа насловена „И Даниел Бун оживува“ . Покажува човек крај машина за пишување и над неговата глава, што опфаќа повеќе од половина од платното и се појавува во виолетов облак, е Даниел Бун со неговата капа и долга пушка.

„Кога започнува да пишува филм, тој вели дека само седи така крај машина за пишување чекајќи да му се појави мисла во облак над главата што ќе му ги придвижи прстите преку типките на машината. За него тоа е многу евокативна слика. Мислам дека тоа е исто така и прекрасна демонстрација на раната фасцинација на Роквел со начинот на кој филмовите изгледаат. Целата идеја личи на филмско платно. Личи на филм што што се одигрува над главата на писателот“, вели Мекленбург.

Роквел минал некое време во Холивуд во 1930те. Тој сликал луѓе што сакале да станат ѕвезди, и филмски ѕвезди како Гари Купер.

Кога ги креирал своите илустрации, Мекленбург вели дека Роквел и` приоѓал на работата во голема мерка како филмаџија. Кога ги избирал моделите ги пробувал на аудиција да види дали ќе ги постигне изразите на лице што ги сакал, дали ќе имаат говор на телото што го сакал за одредена слика. Избирал реквизити, костуми, работел со светло... Се` било наместено.

Вниманието на Роквел за детали создало слики кои сеуште раскажуваат приказни, децении откако биле креирани, слично како и филмовите на двајца од неговите најголеми обожувачи.

XS
SM
MD
LG