Линкови за пристапност

Уапсено осомничено лице за испраќање рицин до Белата куќа и Пентагон


Властите велат дека вчера бил уапсен Вилијам Клајд Ален од Логан, Јута за наводно испраќање писма до адресите на претседателот на САД и Пентагон кои содржеле семки од растението рицин.

ФБИ и локалната полиција извршиле претрес во домот на Ален, но не објавија што пронашле.

Сосед на Ален вели дека е шокиран од апсењето:

„Живеам во истиот квартал и сум изненаден, имајќи предвид она што знам за него, она што го знам за неговиот карактер“ рече Дарел Робинсон.

Писмото со рицин кое наводно Ален го испратил до претседателот Трамп никогаш не стасало до Белата куќа и било пресретнато во објект за селекција на писма.

Властите велат дека рицин бил откриен и во две писма испратени до Пентагон, а кои биле адресирани до секретарот за одбрана, Џим Матис и раководителот за поморски операции, адмирал Џон Ричардсон. Двете писма биле откриени во центар за дистрибуција на писма кој се наоѓа во близина на Пентагон.

Рицинот е природен токсин кој се наоѓа во семките од истоименото растение. Ако се внесе во организмот, рицинот може да убие човек за 48 часа.

Од Центрите за контрола на болести велат дека против рицинот не постои противотров.

XS
SM
MD
LG