Републиканците на конвенцијата во Тампа усвоија партиска платформа за следните четири години што повикува на забрана за сите видови на абортус и истополови бракови и се противи на зголемени федерални трошоци како начин за заживување на економијата.
Во документот стои дека конгресните републиканци се посветени на поништување на законот за здравствена заштита, познат како „Обамакеар“.
Платформата цели и на решавање на, како што е наведено, „најдолгото и најтешко економско забавување од времето на Големата депресија“ преку реформи во даночниот законик, за да се помогне на малите бизниси и за да продолжат даночните скратувања од времето на поранешниот претседател Џорџ В. Буш. Републиканците ветуваат и намалување на даночната стапка за корпорациите, за да им помогне во ситуацијата на меѓународно ниво и да се поттикне создавање на нови работни места.
Документот го афирмира правото на сојузните држави и федералната влада да не ги признаат истополовите бракови.
Републиканците ветуваат и дека ќе ја штитат „светоста на човековиот живот“ преку забрана за сите видови на абортуси, иако претседателскиот кандидат Мит Ромни има кажано дека би дозволил исклучок при случаи на силување, инцест, или кога е во прашање животот на мајката.
Во делот на платформата што ги изложува идните односи на САД со Европа, се потенцира виталноста на политичкото сојузништво со Стариот континент преку НАТО. Републиканската партија изразува благодарност до европските земји кои придонеле во мисиите во Ирак, Авганистан и Либија, додавајќи дека нивната пожртвуваност нема да биде заборавена.
Обете политички партии одобруваат платформи за наредните четири години на своите национални конвенции.

Ги почитуваме специјалните односи со Обединетото Кралство и благодариме за неговата цврста поддршка за нашата борба против тероризмот во светот. Им благодариме на неколкуте други земји кои учествуваа во обединетиот напор во Ирак, Авганистан и Либија. Нивната пожртвуваност нема да биде заборавена.Извадок од Платформата на Републиканската партија