Конгресменот Пол Рајан со обраќање на Националната конвенција на Републиканската партија во Тампа, сојузната држава Флорида, вечера и официјално ќе ја прифати кандидатурата за потпретседател на ноемвриските избори.
Минатомесечното назначување на 42-годишниот политичар од Висконсин за човекот број 2 на републиканското изборно ливче внесе нова енергија во конзервативната база на партијата. Па сепак, Рајан, кој е претседавач на Комисијата за буџет на Претставничкиот дом, стана мета на критики откако предложи реорганизација на Медикеар, владината програма за здравствено осигурување за постарите Американци, како и кратења во останати социјални програми.
Делегатите на конвенцијата синоќа и официјално ги номинираа Мит Ромни и Рајан за републикански кандидати за претседател и потпретседател на изборите. Вчерашниот ден на собирот го одбележеаа и обраќањата на сопругата на Ромни, Ен, и гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи.
Ен Ромни ги истакна постигнувањата на својот сопруг како бизнисмен, гувернер на Масачусетс и лидер во Мормонската црква. Таа ги повика Американците да му дозволат да ја поведе земјата - „на подобро место“.
Кристи, пак, ги обвини Демократската партија и претседателот Обама дека ја изневериле Америка, велејќи дека демократите „свиркаат весела песна“ додека ја туркаат земјата „во фискален амбис“. Кристи верува дека Ромни ќе „раководи со убедување“ и ќе им ја соопшти на Американците „тешката вистина“, потребна земјата да се врати на „патот на растежот“.
Вчера беше првиот полн ден на конвенцијата - поголемиот дел од настаните понеделникот беа откажани поради ураганот Исак.
Додека трае републиканската конвенција, Обама е на кампања по Ајова, Колорадо и Вирџинија. Демократите ќе ја одржат својата конвенција наредната недела во Шарлот, Северна Каролина.