Линкови за пристапност

Македонските војници од ИСАФ почестени во американската амбасада во Скопје


Македонските војници од ИСАФ почестени во американската амбасада во Скопје
Македонските војници од ИСАФ почестени во американската амбасада во Скопје

„ Македонските војници во Авганистан покажаа дека Армијата на Република Македонија е подготвена и дека нејзиното високо ниво на кохезивност со НАТО силите е исклучително. Без љубов, посветеност и поддршка мисијата на овие војници ќе беше многу потешка“, рече амбасадорот Рикер.

„Добредојдовте дома војници“ – рече Амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер кој синоќа на свечен прием им посака топло добредојде на 79-те макеоднски војници кои во ноември го завршија својот шестмесечен ангажман во мисијата ИСАФ во Авганистан.

„ Македонските војници во Авганистан покажаа дека Армијата на Република Македонија е подготвена и дека нејзиното високо ниво на кохезивност со НАТО силите е исклучително. Без љубов, посветеност и поддршка мисијата на овие војници ќе беше многу потешка. Вие се истакнавте и го претставувате најдоброто од Македонија“, рече амбасадорот Рикер.

Македонските војници, министерот за одбрана Зоран Коњановски и началникот на Генералштабот на македонската армија Мирослав Стојановски ја слушнаа и благодарноста до македонските мировници и нивните семејства од претседателот на САД, Барак Обама, и командантот на Националната гарда на Вермонт Мајкл Дуби.

„Македонија континуирано заедно со САД и другите сојузници застана во одбрана на слободата и во создавањето на свет побезбеден за сите нас. Речиси 500 македонски војници служеа во Ирак, а повеќе од 200 војници веќе поминаа во Мисијата во Авганистан. Тоа е многу вреден придонес“, оцени американскиот амбасадор.

„Без разлика што некоја земја е голема, а некоја мала, и најмалиот може да помогне на големиот во борбата против тероризмот“, рече министерот Коњановски, заблагодарувајќи се притоа за големата финансиска помош на САД во модернизацијата и обуката на македонската армија, која благодарение на тоа прерасна во, како што рече, добро обучена армија.

„Република Македонија ќе биде силен и лојален партнер на САД и НАТО и во периодот кој доаѓа“, рече Коњановски.

„Во Република Македонија имате голем сојузник и голем пријател. Секоја идеја пласирана од САД која значеше развој на регионот беше прифатена од Република Македонија. Имавте лојален партнер во Република Македонија, а тоа ќе продолжи и понатаму“, порача Коњановски на приемот за македонските војници.

XS
SM
MD
LG