Средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со посредникот на ОН Метју Нимиц предизвика многу реакции и дилеми, како во Скопје, така и во Атина.
Германската амбасада во Скопје појасни дека германската влада со средбата става јасно на знаење дека проблемот со името, што ги засега и европските интеграциски процеси, мора што поскоро да биде решен, За тоа, како што рекоа од Амбасадата, Скопје и Атина треба да покажат конструктивност.
Денеска за средбата во Берлин се огласи и македонскиот премиер Никола Груевски.
„Не би коментирал нешто каде што не сум бил присутен. Сосема е јасно зошто Нимиц бил поканет кај германската канцеларка Меркел“, одговори премиерот на новинарско прашање - како ја коментира средбата?
„Знаеме со што се занимава тој и за кое прашање е поставен од ОН и сигурно дека тоа било главна и централна тема. Сосема е јасно дека Германија сака да има поточни и поконкретни информации. Германија е сериозен и можеби еден од најкрупите играчи во Европа во делот на политичките случувања“, рече Груевски.
Новинарите побараа коментар за средбата и од американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс.
„Имаме кажано дека го поддржуваме процесот, и под раководство на Обединетите нации, и поединечните разговори на амбасадорот Нимиц со засегнатите страни. И Европа е засегната, а Германија е важна држава во Европа, така што, ако амбасадорот Нимиц се консултирал со канцеларката Меркел, тоа е добро. Не ја познавам содржината на разговорот, но сигурен сум дека ја запознал со позициите на двете засегнати страни“, рече Волерс.
Во вторникот, како што објави Дојче веле, Меркел се сретна на краток разговор во Берлин со Нимиц. Во соопштението на германската влада по средбата се вели дека тие се согласиле дека „пречките, доколку постои соодветна политичка волја во главните градови Атина и Скопје, би можеле да се надминат“. Меркел наводно го уверила Нимиц дека германската влада ќе продолжи да го поддржува во неговата натамошна работа.
Германската влада во истото соопшение нагласува дека „како ЕУ, така и НАТО повеќепати едногласно одлучија дека решавањето на спорот за името во заемна согласност е предуслов за почеток на пристапните преговори за прием со ПЈРМ“.
Средбата на Меркел со Нимиц испраќа порака за интересот на Германија да се најде решение за спорот со името, оценија експертите.
„Директниот ангажман на Германија тешко се добива било каде во светот поради традиционалната претпазливост на германската дипломатија. Фактот што по средбата владата во Германија истапува со вакво соопштение зборува за интересот на Германија, но и за нејзиниот став дефиниран во завршните редови на соопштението. Германија, на овој начин, пред се` става до знаење дека презема голема одговорност за здравјето на сојузот, како на ЕУ, така и на НАТО”, вели професорот Денко Малевски.