Линкови за пристапност

Рашелa Леви Друмер, Израелка со македонско потекло: Ние сме за мир, но соседот не смее да биде терорист


Газа можеше да биде најнапредниот дел на Средниот исток, но Газа избра пат на тероризам, вели Рашела Леви Друмер, израелска професорка родена во Скопје
Газа можеше да биде најнапредниот дел на Средниот исток, но Газа избра пат на тероризам, вели Рашела Леви Друмер, израелска професорка родена во Скопје

Што мислеше Хамас кога го изврши нападот, што ќе се случува после тоа, прашува Рашела Леви Друмер, професорка од Израел која има македонско потекло. Таа во разговор за Гласот на Америка вели дека Газа го избрала патот на тероризмот.

Мирот меѓу израелските и палестинските граѓани е возможен, но само доколку нема тероризам и доколку Газа го избере патот на мирот. Така вели Рашела Леви Друмер, професорка од Израел, родена во Скопје.

„Газа можеше да се развие како Хонг-Конг. Газа можеше да биде најнапредниот дел на Средниот исток. Газа избра пат на тероризам. Можеше да избере друг пат“, вели професорката Друмер, која за Израел заминала после скопскиот земјотрес.

Разговор со Рашелa Леви Друмер, Израелка со македонско потекло
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:13 0:00

Низ годините искусила многу воени судири во тоа подрачје. Но вели дека тоа што сега се случува е многу поразлично од сè што било претходно.

„Од 07.10, од сабајлето, кога се разбудивме со сирени, изненадени, сите бевме изненадени, јас живеам со еден камен тука. Нешто ужасно се случи. Колење, силување, горење мртви и живи луѓе“, вели Друмер.

Не знам што имаа во глава, што мислеа Хамас кога го извршија тој напад. Која визија имале, освен да колат луѓе?

Таа додава дека секојдневно повеќе илјади Палестинци од Газа доаѓале на работа во Израел. Но, додава дека нападот на Хамас и убиството на повеќе од 1400 израелски граѓани ги урнале напорите за создавање мир на Блискиот исток.

„Не знам што имаа во глава, што мислеа Хамас кога го извршија тој напад. Која визија имале, освен да колат луѓе? Не можам да замислам, што тие си мислеа дека ќе се случи тука после тој масакар“, прашува Друмер.

Како пример го посочува и убиството на Офир Либштајн, изралески градоначалник кој бил мета при нападот на 7ми октомври.

Тој во март годинава беше и во Битола, на Маршот на живите. Како што раскажува професорката, Либштајн имал желба да создаде и слободна економска зона меѓу Израел и Газа.

„Тој имаше сон да развие, да им помогне на луѓето во Газа да произведуваат зелена енергија. Тој беше можеби и првиот убиен (во нападот). Се прашувам, што мислеше тој што пукаше во него? Дали знаеше во кого пука?“, прашува професорката.

Израелски војници во копнена офанзива низ Газа
Израелски војници во копнена офанзива низ Газа

Друмер стравува дека сегашниот конфликт може да ескалира во многу поголем судир.

„Се надевам дека грешам. Страв ми е дека сега Израел стои како фронт за целиот Западен свет. Страв ми е дека ова е почеток од нешто што може да се прошири низ целиот свет, како канцер“, посочува професорката и целата сегашна состојба ја опишува и како борба за опстојување.

„Знаеме дека ова е животно прашање за целата наша држава“, вели Друмер.
Сепак, професорката истакнува дека сонот и натаму е да постои мирна коегзистенција.

Нашиот сон е да има мир, и да можеме да соработуваме заедно. Израел да постои како држава. Израел нема да исчезне

„Не можам да зборувам како политичар, но нашиот сон е да има мир, и да можеме да соработуваме заедно. Израел да постои како држава. Израел нема да исчезне“, категорична е Друмер.

Посочува дека на нејзиниот универзитет во Израел има околу 15 до 20 проценти студенти Арапи. Тие, како што вели, коегзистираат со нивните врсници Израелци.

„Еден Арап, студент од Назарет, каде сега е безбедно, покани еврејско семејство од југот, од околината на Газа да дојдат кај нив на гости, додека (ситуацијата) не се смири. Ова е само доказ дека тоа (зближувањето) е возможно“, вели Друмер.

Таа раскажа повеќе примери за заедништво меѓу израелски и палестински граѓани. Сепак упатува и порака за трнлив пат до мирот.

„Ние сме отворени, сакаме, но ни треба партнер. Но, партнерот, никако не може да биде терорист“, заклучува професорката Друмер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG