Линкови за пристапност

Муслиманите ги започнаа рамазанските пости


Претседателот Обама издаде соопштение во кое им посакува најдобри желби на верниците ширум светот

Муслиманските верници ширум целиот свет месецот се очекува да го минат со традиционалните пости во текот на денот, вклучувајќи и воздржување од пиење вода, минувајќи повеќе време во молитви и проучување на Куранот. Воедно, од нив се очекува да ги избегнуваат лошите навики и задоволства како пушењето и сексуалните односи.

Рамазан е деветти месец во исламскиот календар. Тоа за исламските верници е свет месец бидејќи во него почнало објавувањето на Куранот.

Културните разлики и географската местоположба доведе до разлики во начините на кои муслиманите го одбележуваат светиот месец. Постењето во текот на денот се покажало тешко за луѓето коишто живеат во близина на поларните области за време на долгите летни денови.

Муслиманските свештеници изминатите неколку години издаваат фатви со што на муслиманите од различни региони им се дозволува да го следат изгрејсонцето и зајдисонцето во Мека.

Претседателот Барак Обама издаде соопштение во кое им посакува најдобри желби на муслиманите ширум светот. Американскиот претседател ги повика Американците да се сетат на милионите лица, раселени заради конфликти и страдања во светот.

XS
SM
MD
LG