Линкови за пристапност

Ракетирањето на браната во Запорожје остави тешки последици за населението


Ракетирањето на браната во Запорожје остави тешки последици за населението
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Кон крајот на март, руското гранатирање сериозно ја оштети најголемата хидроцентрала во Украина. Нападот на хидроелектраната Днепар и браната во градот Запорожје е тежок удар за населението. Известува Ева Миронова.

Откако руските сили ја гранатираа хидроцентралата Днепар во март, голем број специјални комисии го посетиле местото за да ја проценат штетата на структурата и локалната средина.

„Прво е енергетскиот елемент, кој е целосно уништен и не знам колку време ќе биде потребно за да се врати. Експертите работат на анализа на тоа колку е голема штетата, но за тоа ќе бидат потребни месеци и милиони долари“, вели Иван Федоров, од регионална армиска администрација во Запорожје.

Електраната е стара повеќе од 70 години. Руските ракети ја затворија централата и сериозно ја оштетија браната Запорожје и патот што поминува преку врвот на браната.

„Половина од автопатот е уништен, а експертите за животна средина веќе работат на план за обновување. Ова нема да биде лесно. Можеби ќе биде неопходно целосно да се затвори браната за да се обнови“, додава Федоров.

Цивилите како Дарија, која не го кажа своето презиме, исто така биле погодени од гранатирањето. Една ракета експлодирала во станбен комплекс во близина на браната.

„Овде на почетокот беше како огнено шоу, сè се случи толку брзо. Бев во бањата, потоа излегов и ја видов експлозијата. Истрчав, само во ноќница и влечки. Искрено, беше страшно“, раскажа Дарија.

Денес, локалните жители се загрижени дека целата брана може да се урне, но експертите велат дека тоа е малку веројатно.

Екологистите се повеќе загрижени за луѓето кои се потпираат на браната за да обезбедат вода за пиење.

„Значајното оштетување на хидрауличниот блок на браната и падот на нивото на водата под 3 метри ќе предизвика значителни проблеми со снабдувањето со вода за пиење во градовите, вклучително и делот на левиот брег на градот Днепар“, посочува Максим Сорока, од Украинскиот државен универзитет за наука и технологии.

Исклучувањето на централата значи дека другите станици за производство на електрична енергија треба да работат понапорно за да ги задржат запалени светилките во Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG