Линкови за пристапност

Какви промени ќе донесат протестите за расна правда и еднаквост?


Додека демонстрантите во близина гласно скандираат, Џојс Џонсон гледа во камената статуа на поборникот за граѓански права, Мартин Лутер Кинг Џуниор во Вашингтон.

„Би сакала Кинг да беше тука сега“, рече таа. „Би бил горд да ги види сите овие луѓе од сите страни на целата држава, како мирно протестираат за расна правда и еднаквост“.

Џонсон, социјална работничка од Ричмонд, Вирџинија, минатата недела допатува во главниот град на САД за да им се придружи на илјадниците демонстранти кои маршираа по смртта на Џорџ Флојд, 46-годишниот Афроамериканец, кој почина во полициска притвор, откако бел полицаец во Минеаполис го држеше колено на вратот скоро девет минути.

Вакви протести не се видени со генерации. Смртта на Флојд означува уште еден извонреден момент во борбата на Америка за расна правда и еднаквост.

„Протестите можат да ја придонесат кон поддршката за значајни промени“, изјави Џонсон за Гласот на Америка.

Тековните демонстрации го враќаат лидерот за граѓански права, Ендру Јанг, во времето на расните судири што ја зафатија нацијата во текот на 1950-тите и 60-те години на минатиот век.

„Марширав низ целата држава за време на движењето за граѓански права и никогаш не сум видел ја нацијата толку обединета околу едно прашање како што ја гледаме денес“, изјави за Гласот на Америка 88-годишниот следбеник на Кинг. „Демонстрантите денес се млади, од различни етникуми се и можат да ги користат социјалните медиуми за да се организираат. Мислам дека сме благословени што полицијата покажа воздржаност кон демонстрантите, за разлика од пред 50 или 60 години “.

Јанг ги споредува демонстрациите по смртта на Флојд со бесот на нацијата на 7 март 1965 година, [[https://www.history.com/news/selma-bloody-sunday-attack-civil-rights-movement]] кога стотици мирни демонстрантите беа брутално претепани, а полицијата користеше солзавец на мостот „Едмунд Петус“ додека тие се обидуваа да маршираат од Селма, Алабама, до главниот град на Монтгомери, Алабама.

Телевизиските снимки со информации од инцидентот познат како „Крвава недела“ ги ставија расната дискриминација и насилството врз Афроамериканците во центарот на колективната совест на нацијата. [[https://kinginstitute.stanford.edu/encyclopedia/selma-montgomery-march]] Насилниот инцидент и протестите кои следеа ја засилија поддршката за усвојување на Законот за избирачките права во 1965 година, со кој се елиминираше расната дискриминација во гласањето.

Адам Бигс, инструктор на Афроамериканските студии на Универзитетот во Јужна Каролина Ланкастер, вели дека денешните судири меѓу полицијата и демонстрантите будат други спомени.

„Овие демонстрации денес ги споредувам со немирите во Харлем, Њујорк, во 1935 година, немирите во Лос Анџелес во 1965 година и немири во 1992 година. Сите тие беа предизвикани од овие судири со полицијата“.

Бигс забележува дека покрај расната неправда, масовните демонстрации се поттикнати и од големата невработеност и високата стапка на смртност кај Афроамериканците од Ковид-19 [[https://www.brookings.edu/blog/fixgov/2020/04/09/why-are-blacks /]], како и од расната нееднаквост во однос на тоа како нацијата одговори на пандемијата на коронавирусот.

„Ние сме во првите редови на кампањата за граѓански права. Мислам дека овие протести имаат голем потенцијал да ги трансформираат работите“, рече Бигс.

Во 1992 година, снимка од тепањето на Афроамериканецот Родни Кинг од страна на неколку бели полицајци во Лос Анџелес предизвика демонстрации и граѓански немири кои траеја со денови. Инцидентот повторно ги стави во центарот на вниманието на нацијата прашањата на расата, правдата, полициската бруталност и недоверба меѓу малцинските заедници и нивните локални самоуправи.

Континуираните протести доведоа до реформи како што се ангажирање на повеќе полицајци од малцинствата.

По смртта на Флојд, демократските законодавци на Капитол Хил предложија мерки, вклучително и национална база на податоци за полициско несоодветно однесување и забрани за користење на одредени методи од страна на полицајците како што е држењето на вратот со раце или со колено.

Најновите демонстрации ја зголемија поддршката за движењето „Црните животи се важни“, [[https://www.nytimes.com/interactive/2020/06/10/upshot/black-lives-matter-attitudes.html]].

Некои политички аналитичари предвидуваат дека демонстрациите за расна правда и понатаму ќе бидат трансформативни и веројатно ќе влијаат на исходот на националните, државните и локалните избори. Други велат дека протестите ќе го зголемат ентузијазмот младите гласачи на општите избори во ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG