Линкови за пристапност

Путин нема ништо компромитирачко за Трамп


Путин нема ништо компромитирачко за Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:19 0:00

Рускиот претседател во интервју за телевизијата „НБЦ“ (NBC), рече дека спротивното тврдење е „чиста глупост“

Рускиот претседател Владимир Путин инсистира дека никогаш не се сретнал со претседателот на САД Доналд Трамп, воедно отфрлајќи ги наводите дека Москва поседува компромитирачки информации за американскиот лидер.

Новинарката на телевизијата „НБЦ“ (NBC) Меган Кели, минатата недела го интервјуираше Путин, а вчера во јавноста беа достапни делови од разговорот.

Запрашан дали има нешто штетно за Трамп, Путин кажал дека наводите се „дополнителна бесмислица“.

„Од каде би ги добиле тие информации? Зошто би имале специјална врска со него? Не сме имале никаква врска со него. Некогаш доаѓал во Москва, но јас лично не сум се сретнал со него. Многу Американци ни` доаѓаат во посета. Во моментов мислам дека Русија ја посетуваат претставници од 100 американски компании. Мислите ли дека собираме компромитирачки информации за секој од нив? Сте загубиле ли врска со разумот?“, изјави Путин.

Рускиот претседател повторно ги порекнал наводите дека Кремљ бил вмешан во претседателските избори во САД преку хакерски напад врз електронски пораки на Демократската партија.

„Хакери може да има секаде. Може да се во Русија, во Азија, дури и во Америка. Латинска Америка. Хакери дури може да има и во САД, кои мошне вешто и професионално вината ја префрлиле на Русија. Би го прифатиле ли ова? Среде политичка битка од одредени размери, за нив било погодно да ги објават овие информации, и го сториле тоа, велејќи дека Русија го сторила тоа“, додал Путин.

Тој кажал дека нема никаква смисла Русија да биде вмешана, бидејќи, како што рекол, без оглед кој е претседател, Русите знаат што да очекуваат од еден американски лидер.

Путин воедно порекнал какви било контакти со армискиот генерал во пензија Мајкл Флин, кој беше отпуштен од функцијата во февруари.

Во јавноста претходно беше објавена фотографија од настан во Москва во 2015-та, на која е видливо како дека Флин и Путин седат еден до друг на иста маса, во време кога Флин бил советник во кампањата на Трамп.

Путин бил еден од говорниците на настанот, а во интевјуто за „НБЦ“ кажал дека речиси и да не разговарал со Флин таа вечер и оти дури подоцна бил информиран за кого се работи.

Трамп го отпушти Флин заради тоа што не обелоденил дека се сретнал со руски претставници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG