Линкови за пристапност

Путин и Ким Џонг Ун размениле писма по посетата на Шојгу, вели Кирби


Белата куќа денес соопшти дека има нови разузнавачки информации кои покажуваат оти рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун размениле писма додека Русија бара муниција од Северна Кореја за војната во Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби го детализираше најновото откритие само неколку недели откако Белата куќа соопшти дека утврдила оти рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за време на неодамнешната посета на Пјонгјанг ги повикал севернокорејските власти да ја зголемат продажбата на муниција на Москва за нејзината војна во Украина.

Кирби рече дека Русија бара дополнителни артилериски гранати и друг основен материјал за да ја зацврсти својата одбранбена индустриска база.

Тој додаде дек руските и севернокорејските разговори за продажба на оружје напредуваат.

Лидерите ги размениле писмата по посетата на Шојгу, рече тој.

„По посетата на Шојгу, друга група руски функционери отпатуваа во Пјонгјанг за последователни дискусии за потенцијалните договори за оружје меѓу КНДР и Русија“, рече Кирби, користејќи го акронимот за Демократска Народна Република Кореја.

Кирби одби да даде детали како американските власти ги собрале разузнавачките информации.

XS
SM
MD
LG