Македонија доби нов државен јавен обвинител. По денешните два неуспешни обида, од трет пат, со 61 глас за, еден воздржан и ниту еден против, без присуство на опозицијата, Љубомир Јовески беше избран на врвната обвинителска позиција во земјата.
„Констатирам дека Љубомир Јовески е избран за јавен обвинител на РМ“, рече Талат Џафери, претседател на Собранието.
Наследникот на Марко Зврлевски уверува дека ќе успее онаму каде што неговиот претходникот потфрлил – Обвинителството да биде независна институција.
„Ја уверувам јавноста дека Обвинителството ќе се дистанцира од извршната власт, и од другите центри на моќ, и ќе биде самостоен државен орган во гонење на криминалот. Ќе ги поттикнам обвинителите, одлуките да ги носат само врз озснова на докази и факти, и утврдувањето на вистината да им биде приоритетна цел“, изјави Јавниот обвинител Љубомир Јовески.
63-годишниот Јовески има речиси 40-годишно искуство во правосудството, од кои 15 години работел како судија, а 12 години ги минал во Обвинителството. Пред да биде избран за државен Јавен обвинител, Јовески беше член на Советот на јавни обвинители.
Еве што кажа, во интервју за Гласот на Америка, новиот обвинител за неговите приоритети: https://mk.voanews.com/a/4112896.html
Facebook Forum