Леон Тонг Јинг-кит е првото лице што е осудено согласно новиот Закон за национална безбедност на Хонгконг. Тој е осуден на девет години затвор за тероризам и отцепување.
24-годишниот Тонг Јинг-кит, поранешен келнер во ресторан, беше прогласен за виновен оти удрил со мотор директно во полицајците за време на уличните протести во јули минатата година.
Тој беше осуден по 15 дена судски процес во кој учествувале тројца специјално регрутирани судии, без судска порота.
Согласно новиот Закон за национална безбедност на Хонгконг, досега најмалку 117 лица биле уапсени, а 60 биле обвинети, меѓу кои и медиумскиот могул Џими Лај, активистот Џошуа Вонг и професорот по право Бени Тај.
Facebook Forum