Линкови за пристапност

Политичари и активисти ги поддржаа протестите во Куба и побараа да се стави крај на репресијата


Организацијата „Амнести интернешнл“ ги нарече протестите историски ден за Куба

Светските лидери изразуваат поддршка за кубанскиот народ по неделните демонстрации низ островот.

Министерот за надворешни работи на Европската Унија Хосеп Борел ја повика Владата на Куба „да ги слушне овие протести поради незадоволство“ за време на прес-конференција со министрите за надворешни работи во Брисел.

Организацијата „Амнести интернешнл“ ги нарече протестите „историски ден за Куба“, истовремено изразувајќи загриженост за извештаите за исклучување на интернетот, неосновано апсење, прекумерна употреба на сила од страна на полицијата, како и за „долг список на исчезнати лица“.

Организацијата го повика кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел и неговата Влада да ги адресираат социјалните барања на нивните граѓани земајќи ја предвид економската криза, недостигот на храна и лекови, колапсот на здравствениот систем што не одговара на актуелната коронакриза, како и на насобраните историски барања за почитување на правата за слобода на изразување и мирен собир.

Градоначалникот на Мајами во Флорида Францис Суарез, ја повика администрацијата на Бајден да предводи меѓународен напор да им помогне на Кубанците кои стадаат под долгогодишното комунистичко управување.

Мајами е дом на голема кубанска заедница, која ја напуштила родната држава по преземање на власта од страна на Фидел Кастро во револуцијата во 1959 година.

Републиканскиот сенатор Марко Рубио ги поздрави демонстрацииите, додека демократскиот сенатор Боб Менендез повика да се стави крај на репресијата и насилството врз кубанскиот народ.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Агенцијата Франс-прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG