Линкови за пристапност

Протести за климатските промени


Претседателот Барак Обама беше повикан да преземе остри мерки во справување на климатските промени и глобалното затоплување.

Илјадници демонстранти во неделата се собраа на протести во Вашингтон повикувајќи го претседателот Барак Обама да преземе остри мерки во справување на климатските промени и глобалното затоплување. Собирот важи за најголем во САД досега по ова прашање.

Демонстрантите го повикаа претседателот да го отфрли предлогот за продолжување на нафтоводот Кистоун Икс Ел од речиси 3.000 километри што би се протегал од Канада од Мексиканскиот Залив.

Насобраните од Обама бараат и на Агенцијата за заштита на надворешната средина да и` нареди да постави стандарди за јаглен за електричните централи.

Претседателот Обама за време на годишното обраќање пред Конгресот вети дека ќе преземе акција за климатските промени, предупредувајќи го Конгресот дека самиот ќе постапи по прашањето доколку Конгресот не се активира.
XS
SM
MD
LG