Линкови за пристапност

„Проблематични“ судии кандидати за членови на Судскиот совет


Справување со корупцијата, владеење на правото и независност на судството се критичните елементи кај кои меѓународната заедница очекува да види напредок.
Справување со корупцијата, владеење на правото и независност на судството се критичните елементи кај кои меѓународната заедница очекува да види напредок.

Продолжуваат контроверзиите во Судскиот совет – денеска ова тело со мнозинство гласови ја утврди листата за избор на двајца нови членови – кандидати се и судии за кои се воделе или водат постапки за одговорност.

Станува збор за врховниот судија Наке Георгиев и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев. Судскиот совет до вчера водеше постапка за утврдување одговорност на Георгиев, која беше прекината на затворен дел од седницата на советот. Утврдувањето на Георгиев за кандидат значи дека е извесно дека во Судскиот совет ќе седне човек чие постапување како судија било истражувано од самиот Судски совет.

„Досега дебатирав гласно, а сега решив за оваа тема да гласно молчам и со молчење да го бранам мојот глас против утврдување на листата со овој кандидат од Врховниот суд... Се надевам дека моето молчење ќе одекне гласно“, рече поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева.

Токму од смената на Весна Дамева, чекор кој беше протолкуван како незаконски, стартуваа проблемите во Судскиот совет. Потоа се повлекоа двајца членови и на нивно место денеска се утврдија кандидати кои немаат „чисти“ професионални досиеја.

Последните случувања во Судскиот совет - телото одговорно за избор и разрешување на судии, според граѓанскиот сектор, се уште еден показател дека мора да има измени во начинот на избор на членовите на Советот, како и поголема храброст кај судиите да зборуваат за притисоците.

„Сведочиме на разбранети моменти со состојбите во Судскиот совет. Постојат, не само ризици, туку и материјализација на ризиците во смисла дека во обидот да се дојде до правда постојат пречки правната држава да ја раздели правдата онака како што треба и дека ресурсите со кои одредени моќни центри можат да направат таа правда да се избегне“, вели Миша Поповиќ од Институт за демократија.

Еден од начините за подобрување на ситуацијата во Судскиот совет, како што предлагаат невладините, е преку надворешен механизам - посебна комисија која ќе ги разгледува претставките поднесени до Судскиот совет за тие да не се „чуваат во фиока“.

„Тоа што го слушаме и гледаме во последните 30-ина години во судството сега ја доживува својата кулминација. Ниту една власт во Северна Македонија не успеа да се воздржи од влијанија врз правосудниот систем и токму тоа доведе до тоа да постои една таква матрица која дури ни на самите судии не им дава да веруваат на системот чиј дел се и самите тие. Што останува за граѓаните кога гледаат дека токму највисокиот орган, оној што треба да претставува чувар на професионалноста, чесноста и одговорноста на судиите, се дрзнува со една дури дегутантна лагодност да го прекршува законот, не на една седница туку на две-три седници, да си избира нов претседател“, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Справување со корупцијата, владеење на правото и независност на судството се критичните елементи кај кои меѓународната заедница очекува да види напредок. Во последната изјава за „Гласот на Америка“ Стејт департментот јасно укажува на потребата од политичко немешање во работата на правосудните органи. „Лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството“, порачаа од Стејт департментот.

Нови проблеми во Судскиот совет
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:26 0:00

XS
SM
MD
LG