Линкови за пристапност

Отрезнувачки поглед – како е во затвор?


Отрезнувачки поглед – како е во затвор?
Отрезнувачки поглед – како е во затвор?

Ако прашате многу млади затворенци зошто завршиле в затвор, многумина ќе ви посочат на негативните примери и влијанија од средината.

Со цел да ја крене свеста меѓу тинејџерите и да им помогне да не скршнат од вистинскиот пат, Казнено-поправната институција Хагерстаун од сојузната држава Мериленд води Програма на затвореници против тинејцерски трагедии- ПАТТ.

Програмата спонзорира годишен натпревар за есеј во висина од 500 долари школарина и организира посета на затвор за младите.

Томи Деар, 17 годишна студентка, е победничка во натпреварувањето. Во нејзиниот есеј, таа се фокусирала на нејзиното сопствено искуство како афро-Американка која растела со интерес во спортот, особено за кошарката:

„Дрогата и алкохолот не само што ве забавуваат, ве прават да не се чувствувате како победник“, вели таа. Како атлетичарка со мојата висина, чувствувам дека треба да бидам над влијанието од средината, затоа што сум поголема од сите. Се гледам себе си како кралица. И ако сум од кралско семејство, тогаш не треба да внесумам забранети супстанци во моето тело. Дрога и алкохол не треба да зема една кралица.“

„Само што ќе го причитате есејот, ќе забележите дека таа зборува од срце“, вели Сал Мауреило, еден од членовите на комитетот што ја одбра Деар за победничка годинава.

Програмата започнала во 1988-ма и` им дава шанса на младите да добијат корисни поуки од животот од затворениците. На крајот на посетата на затворот, тинејџерите имаат отворена дискусија со затворениците.

„Група од 11 затвореници се дел од програмата. Им кажуваат на младите низ што минале во раните фази од животот, каков криминал сториле. Ќе им раскажат за влијанието од средината и лошите избори во животот“, вели Марк Вернарели, портпарол на Казнено-поправната установа Хегерстаун.

Споделувањето на тие лични приказни може да спаси уништување на млади животи. Затворениците кои се дел од програмата навистина го отвараат срцето и душата пред младите. Повеќето тинејџери по неколку сесии осознаваат дека дури и мала грешка или една лоша одлука може да има големи последици.

„Многу затвореници во Мериленд не се во затвор поради злосторство со оружје. Биле само соучесници во криминално дело. На пример, го возеле автомобилот по грабеж на банка, или биле заедно со некој кога сторил злосторство. Па сепак, добиле доживотна казна затвор. Има многу млади луѓе во затвор кои издржуваат затворски казни а не убиле човек. Огромно искуство е да се слушнат тие затвореници“, вели Вернарели.

ПАТТ е една од најстарите програми во Мериленд што имаат за цел да ги одвратат младите од криминалот, но не и единствена.

„Дојдовме до сознание дека на девојчињата им е потребна посебна сесија отколку на момчињата и затоа имаме програми само за нив“, вели тој. Има програма што патува низ државата. Се нарекува „Одлуки“. Станува збор за многу сликовита програма кој објаснува за опасностите од членство во банда. Во друга програма, насловена “Влијание“, затворениците ја водат турата по затворот и заедно со децата имаат оброк во кафетеријата. Децата со свои очи гледаат како минува еден затворенички ден, и тоа им ги отвора очите.

Вернавели верува дека затворениците кои учествуваат во оваа програма исто така имаат корист. Одвраќајќи ги младите да тргнат по нивни стапки, се чувствуваат горди дека му враќаат на општеството за неделата.

XS
SM
MD
LG