Линкови за пристапност

Принцот Вилијам и Хари денес му оддадоа почит на нивниот дедо


Браќата, кои се наоѓаат во центарот на раздорот во кралското семејство, дадоа одделни изјави за Филип

Принцот Вилијам и Хари денес му оддадоа почит на нивниот дедо, принцот Филип, сеќавајќи се на неговата духовитост, чувството на должност и вештини за подготвување скара.

Браќата, кои се наоѓаат во центарот на раздорот во кралското семејство, дадоа одделни изјави за Филип, кој почина минатата недела на 99 години.

Вилијам, кој е втор по ред на тронот, вети дека „ќе ја заврши работата“ во служењето на кралицата Елизабета Втора, бидејќи тој и неговиот брат станаа најновите членови на семејството што ги почитуваа услугите на Филип кон нацијата.

„Мојот дедо беше извонреден човек и беше дел од извонредна генерација“, рече Вилијам во изјавата. „Кетрин и јас ќе продолжиме да го правиме она што тој го сакаше и ќе ја поддржуваме Кралицата во следните години. Ќе ми недостасува дедо ми, но знам дека тој би сакал да продолжиме со работата“, додаде тој.

Принцот Хари, пак, кој се оддалечи од кралските должности минатата година и сега живее во Калифорнија, пристигна саботата во Велика Британија за да присуствува на погребната служба на Филип во замокот Виндзор. Неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс е бремена и нејзиниот лекар ја советувал да го одложи долгото патување.

Кабинетот на Хари исто така издаде соопштение во понеделникот, опишувајќи го Филип како човек кој бил “автентичен самиот за себе“.

„Тој ќе остане запаметен како најдолгиот соработник во Монархијата, војник, принц и војвода“, рече Хари. „Tој сепак беше мојот дедо: господар за правење скара, легенда на револуцијата и перфекциониста до крај“, додаде Хари.

Кралскиот церемонијален погреб на Филип во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор ќе биде со намалена служба заради пандемијата и ќе биде затворена за јавноста.

Филип, сопруг на кралицата, во бракот долг 73 години, беше познат и како војводата од Единбург, а тој самиот учествувал во планирањето на неговиот сопствен погреб, а неговиот фокус на семејството беше во согласност со неговите желби.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG