Линкови за пристапност

Преживеаните од шумските пожари во Лос Анџелес се враќаат назад


Преживеаните од шумските пожари во Лос Анџелес се враќаат назад
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:51 0:00

Жителите на Пацифик Палисадес, населба во Лос Анџелес, полека се враќаа во нивните домови кои беа опфатени од шумските пожари. Еден од нив е Џек Хасет кој конечно ги виде предметите од неговиот дом, кои сега се изгорени. „Убаво е да се најдат оние мали нешта кои некогаш не значеа многу“, рече Хасет.

Жителите на Пацифик Палисадес, населба во Лос Анџелес, полека се враќаа во нивните домови кои беа опфатени од шумските пожари. Еден од нив е Џек Хасет кој конечно ги виде предметите од неговиот дом, кои сега се изгорени.

„Убаво е. Знаете, тешко е да се гледа ова. Но, убаво е да се најдат оние мали нешта кои некогаш не значеа многу. Чиниите се чинии. Но, сега тие се спомен преку кои на некој начин се размислува за минатото и се гледа куќата, каде бевме цел живот“, рече Хасет.

Официјалните лица почнаа да им дозволуваат на жителите од одредени области да се вратат почнувајќи од минатата недела, но само со полициска придружба. Во понеделникот попладне, градот ги укина сите преостанати наредби за евакуација и го отфрли условот за придружба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG