Линкови за пристапност

Светски ден на слободата на медиумите


Според листата на Репортери без граници, Македонија се наоѓа на 118-то место, заедно со Мали, Обединетите Арапски Емирати, Таџикистан, Алжир, Авганистан

Денеска е Светски ден на слободата на медиумите, а новинари и активисти за правата на медиумите во рамки на Комисијата за заштита на новинарите ќе се сретнат во Хелсинки. Според Комисијата, во моментов во светот се притворени околу 200 новинари.

Според листата на Репортери без граници, Македонија се наоѓа на 118-то место, заедно со Мали, Обединетите Арапски Емирати, Таџикистан, Алжир, Авганистан.

Глобалната слобода на медиумите е на најниско ниво последнава деценија, се вели во најновиот годишен извештај на Фридом хаус, што опфаќа 199 земји и територии, демократии и автократии.

Во меѓувреме, Меѓународната кризна група на својата најнова листа ја стави Македонија во групата земји коишто постојано се на раб на некаков конфликт и каде состојбата се влошува.

Македонија е во друштво со Авганистан, Бангладеш, Гамбија, Ирак, Нагорно-Карабах (Азербејџан), Република Конго и Сирија.

Главна причина за овој тренд е политичката криза којашто кулминираше со најавата за бојкот на изборите од страна на опозицијата и аболицијата од страна на претседателот Иванов.

XS
SM
MD
LG