Линкови за пристапност

Власта и опозицијата со различни ставови на лидерската средба


Власта и опозицијата со различни ставови на лидерската средба
Власта и опозицијата со различни ставови на лидерската средба

Опозицијата бара непречено работење на медиумите и отстранување на министерот Маневски од Судскиот совет; власта ги отфрли барањата како неосновани

Власта и опозицијата со различни ставови на лидерската средба на која претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со првите луѓе на 17-те политички парии застапени во Собранието се обиде да најде решение за кризата што настана откако опозицијата го напушти пратеничкиот дом.

Опозицијата истапи со барања да се овозможи непречено работење на медиумите како и да се отстрани министерот Михајло Маневски од Судскиот совет. Таа ваквите барања ги правдаше со ставовите искажани за слободата на медиумите и состојбите во судството во Извештајот на Европската комисија.

„Целиот процес на судството или откривање на криминалот, ако го има во фирмите од `Перо Наков`, тргна со политичка одлука на премиерот. Токму затоа што тој ја донесе политичката одлука и се замеша во независноста на судството, сега е одговорен да се надмине целата ситуација. Извршната власт, не може и не сака да се меша во работата на независното судство и веднаш да кажам да, така е, тоа е и наш став. Владата, премиерот не треба да се мешаат во работата на независното судство, меѓутоа за жал тие се замешаа“ изјави лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

По средбата, премиерот Никола Груевски ги отфрли барањата како неосновани и нерелеванти за работата на извршната власт.

„Можам да констатирам дека чекорите што се направени, не се направени со цел да се предизвикаат предвремени избори, туку се направени со цел да не дојде случајно до предвремени избори, бидејќи опозиција која што поставува вакви барања, кои што се нелегитимни и за кои што одлучува судот, не одлучува Парламентот или не одлучува владата - тоа е опозиција која не сака да има предвремени избори. Кога би сакала, или не би поставувала барања, или би предложила неколку барања кои што се брзо и лесно остварливи“, рече Груевски.

XS
SM
MD
LG