Линкови за пристапност

Преговорите за прекин на огнот во Газа продолжуваат денес


Сцени на уништување во конфликтот меѓу Израел и Хамас, во Кан Јунис во јужниот дел на појасот Газа
Сцени на уништување во конфликтот меѓу Израел и Хамас, во Кан Јунис во јужниот дел на појасот Газа

Преговорите за прекин на огнот во Газа ќе продолжат денес. Највисоките разузнавачки претставници од Египет, Израел и од САД ќе се сретнат денес во Катар во најновите напори за обезбедување договор за прекин на огнот, според различни медиуми.

Директорот на ЦИА Бил Барнс, ќе разговара со Абас Камаел, шеф на египетската Генерална разузнавачка служба и шефот на израелската тајна служба Дејвид Барнеа.

Според портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби, Барнс и Брет Мекгурк, претставникот на САД за Блискиот Исток, во понеделникот разговарале во Каиро со нивните египетски, израелски и јордански колеги.

Милитантите на Хамас убиле околу 1.200 луѓе и заробиле околу 250 заложници во нивниот напад на Израел на 7 октомври што ја предизвика војната.

Израел вели дека верува оти Хамас сè уште држи 116 заложници, вклучувајќи 42 за кои војската вели дека се мртви.

Во израелската контраофанзива во Газа загинаа повеќе од 38.243 Палестинци, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Министерството за здравство соопшти дека израелската воена офанзива во Газа убила или ранила повеќе од 5 отсто од населението на Газа од 2,3 милиони.

XS
SM
MD
LG