Поголемиот дел од сиромашните не живеат во сиромашните земји. Според најново истражување, речиси 80% доаѓаат од државите со средни примања.
Две милијарди сиромашни на планетата, или оние кои преживуваат со два долари на ден или помалку, се во државите со средни примања. За споредба, во земјите со ниски примања живеат вкупно 500 милиони сиромашни.
„Во многу држави во текот на изминатата деценија се подобри ситуацијата со просечниот приход. Но, со тоа сиромаштијата не опадна значително. Тоа доста говори за актуелната дебата за нееднаквоста ширум светот како растечки чинител, како и дали треба да и` се даде поголемо внимание во целите на ОН за сузбивање на сиромаштијата, што ќе бидат преоценети 2015-та“, вели авторот на истражувањето, Енди Самнер од Институтот за развој при Универзитетот на Сосекс во Британија.
Една од Милениумските развојни цели е сузбивањето на екстремната сиромаштија и глад до 2015-та. ОН објавија дека глобалната економска криза изминативе години го забавила напредокот на тој план. Од почетокот на кризата, се` поголем број работници со нивните семејства запаѓаат во состојба на екстремна сиромаштија, наведува Светската организација.
Самнер коментира дека дури и кога една земја ужива економски растеж од од пет до шест проценти, тоа има мал ефект врз нејзиното сиромашно население.
„Сиромашните живеат во зафрлени области или квартови со ниски примања, далеку од главниот град и поголемите места. Може да се од општествени групи кои се предмет на дискриминација, или пак жртви на внатрешни регулативи и значителни трошоци што ја отежнуваат миграцијата“, вели аналитичарот.
Според Самнер, половината од најсиромашните во светот живеат во Индија и Кина, а една четвртина во густо населените држави со средни примања како Нигерија, Пакистан и Индонезија. Остатокот е во земјите каде преовладуваат ниски примања.
Самнер вели дека порастот на населението последниве 20 години го поништил напредокот во намалувањето на сиромаштијата, така што таа останала на исто ниво.
Но, каде ќе живеат најсиромашните во светот во иднина, 2020-тата или 2030-тата? Истражувачот од Универзитетот на Сосекс предвидува дека половината од нив и натаму ќе бидат во државите со средни примања, како и дека бројот би можел да порасне, доколку се прошири јазот меѓу оние што имаат многу и оние што немаат ништо.
Самнер дава податок и дека елиминирањето на екстремната сиромаштија чини меѓу 60 и 80 милијарди долари годишно. Тоа е околу 0, 3 проценти од светскиот бруто-домашен производ.
Аналитичарот заговара нов пристап за справување со екстремната сиромаштија, препорачувајќи порамноправно распоредување на бенефициите од економскиот растеж и трошоците за јавни добра, со повеќе средства за долгорочно сиромашните - каде и` да живеат.